Јувентус и Манчестер сити фаворити за трофејот во ЛШ

EPA/ANDY RAIN

Екипите на Манчестер сити и на Јувентус се главните фаворити за освојување на Лигата на шампионите, смета италијанскиот стратег Фабио Капело. И двата тима не одиграа на нивото на очекувањата во  првите натпревари од четвртфиналето на ЛШ, Јувентус како гостин ремизираше против Ајакс (1:1), додека Манчестер сити загуби со 1:0 во англиската пресметка против Тотенхем.

– Од самиот старт на ЛШ го сметам Манчестер Сити за главен фаворит. Но изгледа дека екипата на речиси сите важни натпревари како гостин не игра според очекуваното, офанзивен фудбал. Јувентус е исто така многу силен и тоа го покажа со елиминацијата на Атлетико Мадрид. Но и Ајакс покажа дека знае со фаворитите, успеа да го елиминира актуелниот шампион Реал Мадрид и сигурно е дека во реваншот во Торино нема да дојде со бело знаме. Сепак, мислам дека во полуфиналето ќе играат Манчестер сити и Јувентус, а подобрата екипа од нивниот двобој на крајот ќе го крена и шампионскиот пехар.

Во преостанатите две четвртфиналиња се среќаваат Барселона – Манчестер јунајтед (1:0) и Порто – Ливерпул (0:2), а победниците ќе играат меѓу себе во полуфиналето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот