Јувентус и Џеко се договорија

epa08587935 Roma?s Edin Dzeko warms up prior to the UEFA Europa League Round of 16 soccer match between Sevilla FC and AS Roma in Duisburg, Germany, 06 August 2020. EPA-EFE/Wolfgang Rattay / POOL

Репрезентативецот на БиХ и играч на Рома, Един Џеко, кариерата ќе ја продолжи во актуелниот шампион во Серија А Јувентус, пренесуваат италијанските медиуми.

Оваа вест ексклузивно ја објави добро информираниот новинар Танкреди Палмери кој исто така објави дека е постигнат договор помеѓу клубовите. Јувентус се согласи да и исплати на Рома 15 милиони евра обесштетување за одличниот напаѓач.

Един Џеко во последните пет сезони го носеше дресот на Рома и на 222 натпревари постигна 106 гола со што стана четврти најдобар стрелец во историјата на „римската волчица“.

Преселбата на Џеко во Торино ќе ја натера Рома експресно да реагира и да донесе негова замена, а изборот падна на играчот на Наполи, Аркадиуш Милик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот