Јувентус и Барселона одново ќе си разменуваат фудбалери

фото:твитер

Како што стојат работите италијанскиот и шпанскиот тим може да направат нова размена по таа во која си ги разменија Артур Мело и Миралем Пјаниќ.

Во првата разма Барселона заработи дури и 12 милиони евра, но во втората која ја подготвуваат челниците на двата тима, ситуацијата ќе биде обратна. Барселона е заинтересираната за Родриго Бетанкур и е подготвена во Торино да го испрати Иван Ракитиќ.

Хрватскиот репрезентативец има договор со Барселона до 2021 година и не се наоѓа во прв план кај тренерот Кике Сетиен, а и управата на каталонците на секој начин се обидува да се ослободи од него. Ракитиќ пак упорно ги одбива понудите од челниците на клубот и од заинтересираните екипи бидејќи сака да се врати во Севиља, но според медиумите може да се согласи на трансфер во Јувентус.

Од друга страна Бетанкур во очите на управата на каталонскиот тим е иделната замена за Серхио Бускетс. Засега проблем во реализација на размената прави Јувентус кој не сака евтино да се откаже од 23-годишниот фудбалер во замена за ветеранот Ракитиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот