Јувентус „го врзува“ Кин со нов договор

EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Тинејџерот во редовите на Јувентус, Моисе Кин, конечно почна да добива шанса од Масимилијано Алегри и веднаш потврди за каков талент се работи. Кин на осум натпревари во Серија А, на кои одигра само 119 минути успеа да постигне три гола, а имаше и една асистенција.
Одличните настапи во црно-белиот дрес му донесоа повик во италијанската репрезентација и на два натпревари постигна два гола.

Одличните игри донесоа и интерес од гигантите ширум Европа, но Јувентус нема намера да се откаже од него, напротив, плановите за иднина ги прави околу Кин кој треба да биде лидер на тимот по пензионирањето на Кристијано Роналдо.

Раководството на Јувентус подготви нов побогат договор за Кин но го очекуваат тешки преговори со неговиот менаџер Мино Рајола. Кин моментно заработува 550.000 долари годишно, а со новата понуда се очекува платата да му изнесува помеѓу 1.5 и 2 милиони евра.
Стартот на преговорите со Рајола се очекува да стартуваат на крајот од месецов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот