Јувентус го врза Дибала до 2025 година

twitter/JuventusFC

Одличниот аргентински репрезентативец ќе потпише нов договор со „старата дама“.

Пауло Дибала не мрда никаде, останува во Торино и во наредните пет години откако се согласи да потпише нов договор со италијанскиот шампион.

Дибала со новиот договор ќе добие и поголема плата, па наместо досегашните 7.5 милиони евра, со новиот договор ќе има 10 милиони евра годишна плата.

Во новиот договор исто така ќе бидат вметнати и одредени бонуси за постигнати голови и асистенции, како и за освоени трофеи.
Аргентинскиот репрезентативец за медиумите изјави дека договорот ќе биде потпишан веднаш штом неговиот агент ќе добие дозвола да допатува во Италија.

Во досегашниот дел од сезоната, Дибала на 24 натпревари во Серија А постигна седум гола и имаше девет асистенции, додека во Лигата на шампионите постигна пет гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот