Јувентус го уништи Интер на Твитер (ВИДЕО)

twitter/juventusfc

„Дерби Италија“ или најголемиот натпревар во италијанскиот фудбал му припадна на Јувентус кој покажа дека нема така лесно да се откаже од тронот во Серија А. „Старата дама“ славеше со 1:2 на гостувањето кај Интер за кого ова беше прв пораз сезонава.

Триумфот над големиот ривал го однесе Јувентус на врвот на табелата, „старата дама“ по седум кола има 19 бодови, еден повеќе од Интер.

– За мене преземањето на првото место на табелата ништо не значи, ова е почеток на сезоната. Но, ме радува начинот на кој одигравме, моите фудбалери беа фантастични, покажаа карактер и голема желба против екипа која досега имаше максимален ефект. Иако имаме напредок во играта кога додавањата се во прашање, но мораме ушет да работиме на доминацијата во текот на натпреварите. Сакаме да имаме поголема доминација, да вршиме подобар притисок врз противниците и да покажеме дека постојано можеме да бидеме на нивната половина – изјави тренерот на Јувентус, Маурицио Сари.

Поранешниот тренер на Јувентус, а сега на чело на Интер, Антонио Конте, призна дека „старата дама“ е друга димензија.
– Не треба да се споредуваме со Јувентус во овој момент бидејќи тие се на друго ниво во однос на нас. Ние работиме да ја намалиме разликата – вели Конте.

Најрадосни од победата се навивачите на Јувентус кои едвај дочекаа кикс во меѓусебните пресметки за да одговорат на ланските провокации од „нероаѕурите“. Минатата сезона, на „Дерби Италија“ веднаш по болната елиминација на Јувентус од Ајакс во Лигата на шампионите, навивачите на Интер поставија два транспаренти, алудирајќи на опсесијата на Јувентус да ја освои титулата во ЛШ на која чекаат од 1996 година. Поради тоа транспарентот „Game Over“ а во средина беше трофејот од ЛШ, беше болен удар за „старата дама“.

принтскрин

Осветата на Јувентус дојде на вчерашната средба, тие славеа со 2:1, а потоа на официјалниот профил на Твитер го уништија Интер со објава на спот. Спотот „Oops we did it again“, алудира на тоа дека Јувентус уште еднаш славеше над Интер во Милано притоа објавувајќи инсерти од големите победи во минатото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот