-1 C
Скопје

Јувентус го менува Дибала со ѕвезда на Ливерпул

„Старата дама“ планира до крајот на годината да го продаде Пауло Дибала и да ангажира еден од најдобрите фудбалери на англискиот шампион.

Дибала се очекува денеска против Верона да настапи и да покаже дека е подготвен за дерби пресметката со Барселона во Лигата на шампионите, но Јувентус сè уште не ги започнал преговорите за нов договор.

Причината за тоа се големите барања на Аргентинецот, тој бара 15 милиони евра годишно, додека понудата на Јувентус изнесува 12 милиони евра со што би се израмнил со Матијс де Лихт.

Јувентус и Дибала мора да се договорат до крајот на сезоната бидејќи летово аргентинскиот репрезентативец ќе влезе во последната година од актуелниот договор со што и цената ќе му падне.

Прочитајте и...  Го најавуваат како Марадона: Балотели има нов клуб!?

Дибала пред две години одби да се пресели во англиската Премиер лига од каде го бараа Тотенхем и Манчестер јунајтед, бидејќи негова желба е да се пресели во Шпанија.
Шпанските медиуми тврдат дека Реал Мадрид направил план како идното лето да дојде до неговиот потпис.
Имено, Реал Мадрид нема намера да плати 180 милиони евра за Килијан Мбапе и ќе почека да му истече договорот во 2022 година за да го донесе без обесштетување, а да понуди одредена сума за Дибала. Весникот близок до Реал, „АС“ пишува дека понудата би изнесувала највеќе 70-80 милиони евра.
Со парите кои би ги добил од продажбата на Дибала, Јувентус планира да го купи фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах.

Прочитајте и...  Докторот на Марадона: Горд сум на сè што направив, немам што да кријам!
Мохамед Салах/EPA-EFE/PETER POWELL

Салах веќе има искуство во Серија А, тој играше за Фиорентина и Рома, а се шпекулира дека менаџерот на „црвените“ Јирген Клоп побрзо би се откажал од Салах отколку од Садио Мане.

Поврзани вести

ВИДЕО: Продолжува резултатската криза на Џенова и Пандев во Серија А!

Слободен печат

Го најавуваат како Марадона: Балотели има нов клуб!?

Слободен печат

Лидс и Алиоски го дознаа ривалот во ФА купот

Слободен печат

Момент за историја: Фрапар ќе биде првата жена која ќе суди меч во ЛШ!

Слободен печат

Хрватите и Босанците ја остварија целта, Србија со важна победа кон ЕП

Слободен печат

Во Талин останаа четворица македонски кошаркари позитивни на ковид-19!

Слободен печат

Остави Коментар