Јувентус е во хаос, ја победија Специја на среќа

„Старата дама“ со официјални соопштенија околу бизнисот на клубот/Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Поранешниот италијански репрезентативец Антонио Касано зборуваше за ситуацијата во која се наоѓа Јувентус.

Според Касано, на „старата дама“ и недостасуваат шампиони кои ќе ја спасат екипата во овие тешки моменти.

– Јувентус против Специја одигра ужасен натпревар, постојано беше под притисок. Да поведеше со 3:1 натпреварот ќе беше готов. Зборуваме за екипа која е 50 пати поскапа од противникот. Не го разбирам начинот на кој игра Јувентус и тоа ме загрижува. Победија против Специја, но тешко дека ќе завршат меѓу првите четири екипи во Серија А доколку продолжат да играат вака – вели Касано чиј заклучок е дека недостасува идеја во играта.

– Порано тука беше Роналдо кој даде повеќе од 100 гола за три сезони и Игуаин кој исто така постигна многу голови. Овој Јувентус е во хаос, збунети се, а Специја ја победија на среќа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот