Јувентус е подготвен да го испрати Дибала во ПСЖ во замена за Икарди

epa08849812 Benevento Calcio's Pasquale Schiattarella (L) and Juventus FC's Paulo Dybala in action during the Italian Serie A soccer match Benevento Calcio vs Juventus FC at Ciro Vigorito stadium in Benevento, Italy, 28 November 2020. EPA-EFE/MARIO TADDEO

„Старата дама“ го обнови интересот за ангажман на Мауро Икарди, но не сака да ја исплати бараната сума и планира размена со францускиот тим.

Преговорите помеѓу Пауло Дибала од едната и Јувентус од другата страна, не одат во посакуваната насока и поради тоа челниците на „старата дама“ започнаа да ги разгледуваат опциите за евентуална размена на Аргентинецот.

Поради пандемијата на коронавирусот, директорот на Јувентус, Фабио Паратичи, најави дека ќе се обиде поголем дел од трансферите да ги заврши преку размени и Дибала е еден од играчите кои се подготвени да ги жртвуваат за да дојдат до тие фудбалерите кои ги посакуваат.
Како што пишува „Ла Стампа“, во Јувентус се подготвени да го испратат Дибала во ПСЖ во замена за напаѓачот Мауро Икарди.

Но, ПСЖ не планира да разговара со Јувентус за можната размена, се додека не се реши судбината на Килијан Мбапе. Доколку Мбапе летово си замине од ПСЖ тогаш Икарди би останал во Париз и би ги зазел местото на францускиот репрезентативец во нападот. Но, доколку Мбапе остане, тогаш можно е ПСЖ да започне преговори со Јувентус за размена на Икарди кој има желба да се врати во Серија А и Дибала кој не сака да потпише нов договор со „старата дама“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот