Јувентус доби ново лого поради Сари (ФОТО)
Маурицио Сари се наоѓа во завршни преговори со Јувентус и за очекување е најдоцна до утре да биде претставен како нов тренер на италијаскиот шампион.
Сари ќе потпише тригодишен договор кој ќе му носи помеѓу 6.5 и 7 милиони евра годишно, а неговиот поранешен клуб Челси ќе добие три милиони евра како обесштетување.
Навивачите на „старата дама“ се задоволни од изборот на новиот тренер и веднаш одлучија да се нашалат на сметка на клубот, презентирајќи ново лого во кое акцент е ставен на пасијата на Сари, цигарите од кои не се откажува и за време на натпреварите.
Reports in Italy are suggesting that Maurizio Sarri has agreed a three-year deal with Juventus. ? pic.twitter.com/2dlYfxVXru
— FootballJOE (@FootballJOE) June 10, 2019