Јувентус цели кон ѕвезда на Реал Мадрид - Слободен печат
СпортФудбал

Јувентус цели кон ѕвезда на Реал Мадрид

Италијанскиот шампион сè уште не завршил со засилувањата и најдоброто го чува за крај.

Челниците на Јувентус завршија одлична работа во досегашниот преоден рок, ангажираа три засилувања со кои титулата во Серија А им е речиси загарантирана, а сега планираат со ангажман на уште една ѕвезда да ја нападнат титулата во Лигата на шампионите. Најзвучни засилувања на “старата дама“ се Адриен Рабио и Арон Рамзи кои дојдоа како слободни играчи од ПСЖ, односно Арсенал, и Матијс де Лихт за кого Јувентус плати 70 милиони евра на Ајакс.

Но, според шпанските медиуми, Јувентус го зачува најдоброто за крајот. „Мундо Депортиво“ пишува дека челниците на Јувентус се откажаа од враќање на Пол Погба и му го препуштаат на Реал Мадрид, а тие ќе се насочат кон купување на шпанскиот репрезентативец Иско.

Во Јувентус се надеваат дека Реал Мадрид доколку го купи Погба од Манчестер јунајтед, Иско ќе го загуби местото во првиот тим. Токму на таа карта ќе игра Јувентус, покрај 80 милиони евра кои планира да ги понуди како обесштетување, тие на шпанскиот репрезентативец му нудат загарантирано место во првиот тим за следната сезона.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close