Јувентус без Сари на стартот од Серија А

Екипата на Јувентус новатра сезона ќе ја започне во сабота кога и гостува на Парма, но „старата дама“ на овој натпревар ќе биде без тренерот Маурицио Сари.

Сари веќе пропушти неколку тренинзи на првиот тим, исто така не беше на клупата на последниот контролен натпревар бидејќи не се чувствуваше добро, а лекарските прегледи открија дека тој има пневмонија.
Јувентус затоа денесла објави дека Сари нема да биде на клупата во првото коло против Парма, но и во дербито на второто коло против неговиот поранешен клуб Наполи.

„ Врз Маурицио Сари денеска беа извршени дополнителни медицински тестови, кои покажаа значаен напредок. Сепак, за да може целосно да се рехабилитира од пневмонијата, нашиот тренер нема да седи на клупата на првите средби со Парма и со Наполи. Тренерот во меѓувреме ќе ја координира работата со својот стручен штаб“, стои соопштението на Јувентус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот