Јувентус без мака ја реши Рома (ВИДЕО)

twitter/JuventusFC

„Старата дама“ се пласира во полуфиналето на Купот на Италија.

Екипата на Јувентус со убедливи 3:1 ја совлада Рома во четвртфиналето на Купот на Италија и му се придружи на Наполи меѓу четирите најдобри во Купот.

Фудбалерите на Јувентус уште во првото полувреме со головите на РОналдо, Бентанкур и на Бонучи поведе во 3:0 и ги реши сите дилеми околу победникот.
„Волчицата“ единствено што успеа да направи е преку Турчинот Ундер да го намали резултатот.

Противник на „старата дама“ во полуфиналето ќе биде подобриот од дуелот помеѓу Милан и Торино.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот