Јувентус без клучен играч на гостувањето во Амстердам

Фото: Принтскрин

Капитенот на Јувентус, Џорџо Киелини не се најде во групата на тимот за гостувањето на Ајакс во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампиони.

Дефанзивецот доби повреда на потколеницата на вчерашниот тренинг и не отпатува со соиграчите за Амстердам. На негово место утре се очекува да игра Даниеле Ругани, кој ќе биде партнер во центарот на одбраната со Леонардо Бонучи.

Надвор од сметките на тренерот Масимилиано Алегри останува и полудефанзивецот Емре Џан, кој исто лекува повреда.

Мегаѕвезда Кристијано Роналдо е опоравен од повредата и ќе го предводи нападот на „бело-црните”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот