Јуве сака да се ослободи од Роналдо, понуден и на Барса! (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо /

Познатиот новинар Гилем Балаге потврди за „Би-Би-Си“ како Јувентус сака да се раздели со Кристијано Роналдо.

Португалецот во изминатиот период се поврзуваше со ПСЖ, а според Балаге менаџерот Жорге Мендеш доби инструкции да му пронајде нов клуб.

Причината што Кристијано Роналдо се поврзува со ПСЖ не е поради што овој клуб го посакува, туку затоа што Мендеш има инструкции да му најде тим. Тоа веќе се прави шест месеци, се поврзуваше со Реал, тие рекоа нема шанси да се врати, потоа разговори за МЛС лигата, итн.

Јувентус сака да се ослободи од неговата плата. Го понудија секаде, па дури и на Барселона. Не сум сигурен дека така лесно ќе се ослободат од него, од таква плата што ја заработува, 23 милиони евра нето, што ја заработуваше во Реал Мадрид и мислам дека ја израмни кога дојде во Јувентус. Кој ќе плати толку пари? – се зборовите на Балаге.

Јуве изненадувачки беше елиминиран во Лигата на шампионите од Лион, сезонава барем успеа да ја одбрани титулата во Серија А, а загуби во куп финалето од Наполи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот