Јуве нема да толерира, донесена одлуката за Роналдо!

фото/твитер

Јувентус е загрижен поради Кристијано Ронадо чии игри во последно време не се на ниво, а покрај тоа, уште се пишува за неговото однесување во моментот кога беше заменет на дуелот против Милан од Пауло Дибала.

Португалецот играта на калчолигашкото дерби против „росонерите“ ја напушти во 55. минута и после тоа покажа незадоволство од потегот на тренерот на италијанскиот шампион, Маурицио Сари.

Воедно португалскиот репрезентативец го напуштил стадионот пред крајот на натпреварот. Доколку стануваше збор за некој друг играч, клубот веднаш ќе донесеше одлука за казна.

Но, Роналдо, како еден од најдобрите и најскапите фудбалери во историјата, во овој случај нема да биде казнет од првите луѓе на „Старата дама“, но ќе бараат извинување.

Претходно Португалецот исто така беше незадоволен и после дуелот со Локомотив Москва во Лигата на шампионите кога беше заменет пред крајот на средбата.

Како што пишува „Гаѕета дело Спорт“, шефовите Фабио Паратичи и Павел Недвед имаат само едно барање, да им се извини на соиграчите и дека таквиот став не е нешто што му помага на клубот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот