Јуве и Сити во трка по ѕвезда на Реал Мадрид

EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Реал Мадрид кој за една недела потроши дури 300 милиони евра за нови засилувања, ќе почне со продажба на дел од ѕвездите.
Додека за Герет Бејл нема ниту една заинтересирана екипа поради големите барања на самиот фудбалер (плата од 16 милиони евра), за Иско се очекува вистинска борба.

Шпанскиот репрезентативец е незадоволен од малата минутажа која ја имаше изминатата сезона и побарал од претседателот Флорентино Перез да биде продаден.

Најголем интерес за неговите услуги пројавуваат италијанскиот и англискиот шампион, Јувентус и Манчестер сити. И двете екипи имаат подготвено 80 милиони евра за да дојдат до услугите на шпанскиот репрезентативец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот