Јуве е минато, кој е следниот чекор на Алегри?

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри/фото: EPA-EFE/SIMONE ARVEDA

Тренерот Алегри (51) ја однесе „Старата дама” до пет последователни титули во Серија А, четири титули во Купот на Италија и два финалиња во Лигата на шампионите во пет години колку што беше со „бјанконерите“

Го напушти клубот на крајот на минатата сезона, а како што се најавува се очекува Сари да седне на клупата на италијанскиот шампион.

– Ќе одморам една година од фудбалот и ќе се посветам на моето семејство. Последните 16 години многу ме исцедија – рече Алегри, цитиран од „Би-Би-Си” на настан во Милано.

Воедно беше тренер на Милан со кој ја освои шампионската титула во 2011 пред да се пресели во Торино три години подоцна.

Од играчки кадар, се шпекулира дека Фрацузинот од средниот ред, Адријан Рабио (24) би можел да се пресели во Јуве.

Овој фудбалер има договор со ПСЖ до крајот на овој месец, а потоа станува слободен агент.

Тој не играл од декември кога одбива да ја продолжи соработката со „светците“, но постои шанса да го направи тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот