Јутуберот Стефонатор го победи туморот: „Радувајте се што сте здрави“


Македонскиот јутубер Стефонатор повторно го привлече вниманието на јавноста, но, овој пат со среќна вест. Имено тој во видеото кое го сними и сподели на својот јутуб-канал откри дека по долготрајната и макотрпна борба успеал и го победил туморот.

фото: Инстаграм

– Цела година од овој процес. Моментот на дознавање, мислење што е следно, прва операција, хемотерапија, илјада снимања, втора операција, боцкања и сè… помина една година мене ми изгледа како да се 10 години, најмалку. Затоа не можам да „сварам“ дека сето ова е завршено, но треба и треба да се радуваме… Ова е моето среќно видео, не треба да бидам даун, туку да се радуваме, да се смееме, да славиме, да се фокусираме на сите убави работи, да си живееме- вели Стефонатор во видеото.

Инаку младиот јутубер со вистинско име Стефан Рашковиќ, ја потресе јавноста во март годинава кога по долго отсуство сподели видео долго 22 минути со наслов „Време е да зборуваме“ и низ солзи им откри на обожавателите дека минатото лето му бил откриен тумор на тестисите, по што следувал долг период на лекување, операциии и хемотерапии.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Steffonator (@steffrasho)

Исто така Стефонатор тогаш сподели и фотографија од болница, по првата операција, која им ја пратил на најблиските и јавно им заблагодари на сите кои се интересирале за него и му праќале пораки со поддршка. Сега конечно тој ја израдува јавност со прекрасната вест дека излегол победник од тешката битка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот