Јутуб забранува антиваксерски видеа

Јутуб мобилна апликација/ Фото EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

По отстранување на целата содржина од противниците на вакцинацијата против Ковид-19, Јутјуб, исто така, блокираше непроверени критики за други вакцини, објави денеска интернет гигантот, пренесува Индепендент.

Таа видео-платформа во сопственост на Гугл со тоа ги забрани тврдењата за опасностите или неефекасноста на вакцините за болести како што се мали сипаници одобрени од регулаторните тела.

Покрај содржината, на таа видео платформа забранети се и каналите на истакнати противници на вакцинацијата, пишува денеска „Вашингтон пост”, повикувајќи се на потпретседателот на „Јутјуб” за глобална доверба и безбедност Мет Халприн.

Тој рече дека компанијата претходно не забранила содржина против вакцини затоа што била фокусирана на вакцини против Ковид-19, објави Пост.

Халприн додаде дека Јутуб ќе продолжи да им дозволува на луѓето да зборуваат за нивните лични искуства по воведувањето на новите правила, како што се мајките да зборуваат за несаканите ефекти што нивното дете ги доживеало по примањето на вакцината, како и научните дискусии за вакцините и неуспесите на вакцините во историјата на медицината.

Забранети се каналите на Роберт Ф. Кенеди Jуниор, внук на славниот претседател и истакнат противник на вакцинацијата, и Џозеф Меркола, исто така познат антиваксер.

Властите ширум светот го критикуваа Јутјуб и социјалните мрежи како Фејсбук и Твитер дека не направиле доволно за да спречат ширење лажни здравствени информации на нивните страници.

Халприн денеска соопшти дека Јутјуб веќе избришал повеќе од 133.000 видеа за вакцинација, а неколку илјади луѓе биле ангажирани да ја модерираат содржината, заедно со алгоритми што препознаваат текст и слики.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот