Јутјубер заработи 15 месеци затвор за БРУТАЛНА шала (ВИДЕО)

Фото: Јутјуб

Корисник на Јутјуб направил една нехумана шала и ја објавил на популарниот сервис за размена на видео снимки, заради што сега го чека затворска казна.

Кангуа Рен наполнил Орео кекс со паста за заби, па потоа се снимал како на бездомник во Барселона му го дава тоа колаче, изјавија Њујорк Тајмс.

Судот во Барселона го прогласи Рен крив, за кршење на моралниот интегритет на бездомникот па го казни со 15-месечна затворска казна, со тоа да мора на жртвата да и исплати додатни 20.000 евра отштета. Исто така, судот нареди во текот на следните пет години, да бидат затворени профилите на Рен на Јутјуб и останатите социјални мрежи.

Откако ја објави снимката, Рен на социјалните мрежи наиде на многубројни осуди. Набргу тој се врати кај бездомникот и му понуди банкнота од 20 евра. Според полицијата, тој на ќерката на жртвата и понудил уште додатни 300 евра и ја замолил да не го тужи. Во своја одбрана, Рен објасни дека се работело само за шала и дека подоцна се обидел да се искупи за непријатноста која му ја предизвикал на бездомникот.

– Правам работи заради претстава. Луѓето сакаат да гледаат нешто морбидно, – рекол Рен во судницата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот