Јутјуб нема да биде забранет во Русија

Не постојат планови да се забрани Јутјуб во Русија, кажал рускиот премиер Димитриј Медведев во годишното интервју за 20 руски телевизиски куќи.

-Никој не планира да забрани било што и Јутјуб во Русија ќе продолжи да работи како и досега. Оние кои заработуваат на Јутјуб и понатака ќе можат тоа да го прават, но тоа и не зависи од нас, туку од политиките на Јутјуб- рекол Медведев, одговарајќи на прашањето на блогерката Анастасија Мејева.

Тој додаде и дека Јутјуб има стриктни правила за авторките права, како и за деловни договори и други аспекти на комерцијализација на интернетот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот