Јутјуб ја замрзна сметката на Трамп на неодредено време

Доналд Трамп / Фото: ЕПА

Компанијата Јутјуб го продолжи замрзнувањето на сметката на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, на неодредено време.

За првпат, сметката на Трамп беше замрзната за една недела на 13 јануари. Компанијата тогаш соопшти дека неодамнешно видео на каналот на Трамп „поттикнува насилство” и е отстрането.

„Поради загриженост за постојан потенцијал за насилство, каналот на Доналд Трамп ќе остане замрзнат”, објави Јутјуб.

Привременото замрзнување на сметката на Јутјуб значи дека претходно поставените видеа на Трамп ќе бидат достапни, но тој нема да може да објавува нови.

Покрај Трамп, компанијата презеде слични активности и против неговиот адвокат Руди Џулијани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот