Јутјуб го продолжи рокот за замрзнување на налогот на Трамп

 „Јутјуб”, сопственост на технолошкиот гигант „Гугл”, соопшти дека ќе го продолжи замрзнувањето на налогот на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп.

Јутјуб ја објави својата одлука само неколку часа пред демократот Џо Бајден да стапи на функцијата претседател на САД

„Со оглед на загриженоста за можни акти на насилство, видеата и преносите во живо нема да бидат достапни на каналот на Доналд Трамп дополнителни, минимум, седум дена”, се вели во соопштението на Јутјуб.

„Коментарите ќе продолжат да се оневозможуваат на неодредено време”, информира Јутјуб.

Јутјуб го замрзна каналот на Трамп, кој има 2,77 милиони претплатници, првпат на 13 јануари за период од седум дена.

Платформата, исто така, избриша видео за кое рече дека ги нарушува нејзините политики за борба против промовирање на насилство.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот