Јутјуб ги ограничува пцовките на Јакимовски, видеото од изборната прослава забрането за деца

Фото: Принтскрин од прославата

Снимката од изборната прослава на новоизбраниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, каде тој пееше своја верзија на хитот на „Куку леле”, „Постела рози” со непристоен текст, е ограничено на музичкиот канал Јутјуб и може да го гледаат само лица кои ќе се најават и со тоа ќе докажат дека се постари од 18 години.

Причината за ограничувањето е недоличниот текст, односно според правилникот на Јутјуб, рестрикциите за одредена возраст на гледачи се активираат поради вулгарен речник, насилна содржина, голотија, опасни или пак активности кои се штетни, а децата би можеле да ги имитираат.

-Како ме е*е, како ме е*е Стевчо Јакимовски, за вас е само к*р громовски – е новокомпонираниот текст со кој се славеше победата на Јакимовски, а поради кој стапија на сила и рестрикциите на социјалната мрежа.

По повод недоличното однесување на прославата, се огласија и независните советници од општината, кои бараат градоначалникот да ѝ се извини на јавноста. Јакимовски сѐ уште се нема огласено на темата, а последната објава на неговата официјална страница е видеоклип со прогласување на победа на локалните избори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот