Јутјуб брише дезинформации за вакцината против ковид – 19

Покрај Фејсбук и Твитер и видео-платформата Јутјуб објави дека ќе ги избрише сите објави во кои се презентирани дезинформации за вакцината против ковид-19.

Од денес, на страницата каде што Јутјуб ги прецизира своите правила за медицински дезинформации наведени се сите видови дезинформации поврзани со вакцината против ковид – 19 кои ќе се санкционираат.

Правилата содржат содржина во која се тврди дека вакцината е веќе достапна или дека има „јадици“ во кои се вели дека одредени нешта гарантираат лек за ковид, како и тврдења за вакцината за коронавирус кои се спротивни на препораките на Светската здравствена организација.

Примерите вклучуваат случаи како што се „тврдења дека вакцината ќе ги убие оние што ја примаат“.

Новите правила на Јутјуб значат дека содржина што тврди дека микрочипови се инјектираат во вакцини, предизвикува неплодност и слични теории ќе бидат избришани од Јутјуб во иднина, како што беше случај со 200.000 видеа со дезинформации од февруари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот