Јурова: За првпат иницијатива за заштита на новинарите во ЕУ

Фото: EPA-EFE/JOHANNA GERON / POOL

Потпретседателката на Европската Комисија (ЕК), Вера Јурова, денеска поднесе предлог иницијатива за зголемена заштита на новинарите во ЕУ, вклучително и родово базираното насилство.

Европскиот медиумски форум е прва иницијатива од ваков вид во ЕК, која смета дека безбедноста на новинарите во Европа е сѐ позагрозена.

– Убиствата на Дафне Каруана Галициа и Јан Кучак требаше да бидат аларм за Европската Унија. Меѓутоа заканите и нападите врз новинарите се сѐ почести, тие се закани врз демократијата во целост. За прв пат Европската Комисија работи на иницијатива посветена на безбедноста на новинари која треба да донесе опипливо подобрување на терен, изјави Јурова.

Европската Комисија за оваа иницијатива отвора дијалог со сите клучни чинители во областа на новинарството и медиуми до 25 март: новинарски здруженија, новинари, медиумски куќи, европратеници и земји членки на ЕУ.

Откако ќе завршат консултациите, ЕК ќе истапи со препораки со земјите членки за да се заштитат новинарите, вклучително и на интернет.

Предлогот има за цел да ги зголеми постоечките стандарди за заштита на новинарите, да се справи специфично со сајбер напади и онлајн насилство и посебно оние закани базирани на родот. Во речиси сите земји членки во ЕУ, жените и припадниците на малцински групи се најчести мети на напади и насилство помеѓу новинарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот