Јупитер во Овен: Станувате семоќни и полни со ентузијазам!

Овен, Фото: Pixabay

Јупитер ќе престојува во Овен од 10 мај до 28 октомври. Овој астролошки транзит ни дава до знаење дека не треба да страдаме, без разлика што е проблемот, не мора да страдаме. Не ни требаат другите да нè спасат. Ентузијазам, позитивна енергија, амбиција, слободно размислување и моќ. Сите овие се клучни зборови што ќе се појават за време на овој транзит. Почитувајте се себеси и сопствената моќ, бидејќи таа е во фокус до крај на овој транзит.

Овен

Чекавте ред за да заблескате, и додека толку многу работи ви пречеа, конечно се чувствувате сигурни бидејќи знаете дека вашето време дојде, а сјајот е во полн ек. Вие сте оној кој луѓето бараат, бидејќи се чини дека се преплавувате со шарм и привлечност. Им оставате впечаток на оние околу вас бидејќи сте неверојатно љубезни и инспиративни за оние од вашиот близок круг. Ви очекува почит и чувство дека сте почестени за вашата напорна работа и чувствителност.

Бик

Одвреме-навреме сакате да се замислувате дека сте волшебници, сакате ритуали и духовна сила. За време на Јупитер во Овен, ќе го искористите тој магичен резерват каде што ги чувате сите ваши тајни и аспирации. Сега е периодот кога си поставувате намери, знаејќи дека вашата моќ на манифестирање е силна и дека ништо не ви стои на патот. Вие сте полни со позитивна енергија и ќе гледате како вашата духовна креација се обликува во среќа и добро здравје.

Близнаци

Секогаш сте отворени за позитивни промени, и иако понекогаш се чувствувтае како тажна вреќа на купот, Јупитер во Овен ќе ве извлече од лошата енергија и ќе ве инспирира да се надевате и да имате големи соништа. Секогаш се чувате себеси и не дозволувате срцето премногу да се меша со работи кои би можеле да ве повредат, но периодов ќе се чувствувате безбедно и можеби ќе направите нешто што никогаш не би го направиле.

Рак

Бидејќи сте биле толку фокусирани и внимателни на работите кои бараат целосно внимание, вие сте на работ на голем успех. Јупитер во Овен го помага полетот на овој успех бидејќи ви отвора нови врати и помага во процесот на учење нови работи. Вашите хоризонти се прошируваат и разбирате дека никогаш не сте „заглавени“ на едно место и дека секогаш имате опции. Ова ви значи премногу, бидејќи стагнацијата може да биде ваш непријател.

Не го очекувајте тоа од нив: Хороскопски знаци кои никогаш нема да ви се извинат

Лав

Можеби не очекувавте дека вашата банкарска сметка ќе стане толку полна, но тоа се случува кога работите напорно. А, напорната работа е токму она што го вложувате со месеци, а со Јупитер во Овен, почнува време за исплата. Лавовите ќе имаат покачување на платите и унапредување на позицијата. Ќе доживеете и надеж за иднината, во однос на парите и финансиите. Се чини дека безбедноста сепак не е толку далеку.

Девица

Нова романса или флерт што ќе ве натера да се чувствувате поживи отколку што сте чувствувале долго време. За време на Јупитер во Овен не гледате пречки на повидок, станува збор за непречено пловење, и ако тоа значи бесрамно флертување или луди сексуални инсинуации, тогаш нека биде така. Она што ве прави најсреќни за време на Јупитер во Овен е да бидете со луѓе, да споделувате идеи и да, да флертувате.

Вага

Ќе бидете извонредни на работното место. Ова ги опфаќа и правните прашања, за кои ќе бидете во најдобра форма. Ако има договор за потпишување, ќе потпишете и нема да погрешите. Ако има договор што треба да го погледнете, ќе го одредите и ќе видите што е најдобро за вас. Јупитер во Овен на големо ја активира вашата дискреција, дозволувајќи ви да видите што точно е правилно за вас, а што не е во ред. Вашите одлуки денес ќе се носат со интелигенција и перцепција.

Скорпија

Здравствените проблеми ве принудуваат да се соочите со вашиот начин на живот и сте среќни што конечно ќе се справите со маката. Сè што ви требаше беше вистинскиот поттик, а Јупитер во Овен се чини дека е тоа. Ова може да значи диета или започнување со план за вежбање. Знаете што треба да се направи и повеќе не сте задоволни да се лажете себеси. Времето е кратко, слатко и за живеење. Го препознавате овој факт и брзо го надминувате.

Ретроградниот Меркур ќе го подобри љубовниот живот на три хороскопски знаци

Стрелец

Со Јупитер во Овен ќе ви се врти главата бидејќи креативната инспирација ве носи на нови нивоа, а сè што сакате е да „правите работи“. Без разлика дали се работи за активирање на вашите способности да работите како готвачи или компонирање на симфонија целосно напишана за флејта, нема да дозволите ништо да ви пречи на вашиот тек. Со овој астролошки транзит влегувате во себе.

Јарец

Ако има нешто на кое не сметавте, тоа е домашното блаженство, а тоа е токму она што ќе го добиете за време на Јупитер во Овен. Вие и вашиот партнер ќе се забавувате, но вие сте биле толку обвиткани во работата што речиси не забележувате дека имате партнер. Не дозволувајте овој момент да ви исчезне, бидејќи тој потенцијал да процвета во идни романтични успеси.

Водолија

Со моќта на Јупитер во Овен на ваша страна, ќе го правите токму она што го сакате, како што сакате. А тоа значи нешто ексцентрично и уникатно за вашата личност. Веќе им докажавте на сите ваши пријатели дека навистина сте поинакви и им дозволувате на сите да го видат. Се чувствувате силни и ентузијасти. Вашите соништа се токму работите кои сакате да ги манифестирате.

Риби

Тука сте да ги искористите сите придобивки што ги нуди Јупитер во Овен, а во вашиот случај тоа значи финансии и дом со малку нешто убаво внатре. Ќе направите некои смели промени во вашиот животен простор. Признавате дека овој вид „храбро“ значи дека мора да се потрошат пари, но тоа е во ред бидејќи се чувствувате богати и сигурни за време на овој транзит. И не е привид, навистина сте во состојба на изобилство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот