Јупитер и Сатурн ќе изгледаат како двојна планета: Исклучително ретко приближување што последен пат се случило во средниот век

Profimedia
Image: 131460835, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: JACOPIN / BSIP / BSIP / Profimedia

Нè очекува ретко, фасцинантно небесно задоволство! Двете најголеми планети на нашиот Сончев систем, Јупитер и Сатурн, ќе изгледаат како двојна планета по зајдисонце, вечерта на 21 декември. Ова е прв пат двете планети да бидат толку близу една до друга уште од средниот век.

Усогласувањето помеѓу овие две планети е прилично ретко, отприлика се случува еднаш на секои 20 години, но овој спој е исклучително редок, заради тоа што планетите ќе се гледаат како една“, изјави Патрик Хартиган, професор по физика и астрономија на Универзитетот Рајс во Хјустон, Тексас.

Instagram
Instagram

Тој вели дека според пресметките овој феномен последен пат се случил на 4 март 1226 година.

Иако Јупитер и Сатурн се приближуваат еден на друг уште од летото, двете планети ќе бидат разделени со помалку од дијаметар од полната месечина од 16 до 25 декември.

Вечерта на најблиското приближување на 21 декември, тие ќе изгледаат како двојна планета, одделена со само петтина од дијаметарот на полната месечина“, вели Хартиган.

Instagram
Instagram

 

Иако најдобрите услови за гледање на овој настан ќе бидат во близина на екваторот, ќе може да се забележи од секој дел на Земјата, ако дозволи време и имаме чисто небо.

Оние кои ќе го „прескокнат“ овој астрономски настан да ги видат Јупитер и Сатурн наблиску до сега, ќе треба да почекаат до 15 март 2080 година кога повторно би биле блиску, но не како сега во декември.

По овој настан, двете планети би се појавиле толку блиску некаде во 2400 година“, вели тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот