Јункер: Трамп нема да воведе дополнителни царини за европските автомобили

Фото: МИА

Претседателот на Европската комисија во заминување Жан Клод Јункер изрази уверување дека американскиот претседател Доналд Трамп во наредните денови нема да воведе нови царини за увоз на европски возила.

– Трамп малку ќе критикува, но нема да има царини (дополнителни) за автомобилите – рече Јункер во интервју за денешниот германски весник Зидојче цајтунг.

САД до средината на ноември треба да одлучат дали ќе ги зголемат царините на автомобилите и резервните делови кои доаѓаат од ЕУ.

Во мај Трамп ја одложи својата одлука за воведување дополнителни царини, на шест месеци, до ноември.

Доколку се воведат, тие мерки пред се ќе ги погодат германските производители како што се Фолксваген, БМВ или Дајмлер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот