Јункер предупредува: Постои реална опција за Брегзит без договор

Фото: МИА

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, рекол денеска дека постои реален опасност од тоа Велика Британија да ја напушти Европската Унија без договор.

Зборувајќи пред Европскиот парламент, Јункер рекол дека таков Брегзит „можеби е избор на Велика Британија, но никогаш нема да биде избор за ЕУ“.

Главниот проблем во прговорите за Брезит претставува решението за ирската граница, таканаречениот „бекстоп“, според кој Британија мора да задржи неколку трговски правила на ЕУ.

Јункер истакна дека „не е сентиментално поврзан за бекстоп“, но дека е поврзан за целта на таа одредба.
– Баравме британскиот премер да назначи алтернативни аранжмани кои ќе ги смисли – истакна Јункер, кој во понеделникот имал разговори со Борис Џонсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот