Јункер: Одлуката за Македонија и Албанија е историска грешка

Фото: МИА

Ако сакаме да бидеме почитувани ние мора да ги одржуваме нашите ветувања, изјави денеска претседателот на Евроската комисија Жан Клод Јункер, на прес-конференцијата по Самитот на ЕУ во Брисел.

На прашањето кои се последиците доколку ова е почеток на крајот на процесот на проширување на ЕУ, Јункер рече ако ова е крај на проширувањето треба да се соочиме со сериозни критики.

– Ние ги охрабрувавме овие земји, им помагавме и ги посетувавме овие земји и дававме јавни ветувања на овие земји. Ако сакаме да бидеме почитувани ние мора да ги одржуваме нашите ветувања – изјави Јункер.

Јункер рече и дека не отворањето на пристапните преговори со Македонија и Албанија е историска грешка.

– Овде не станува збор за тоа дали земјите се подготвени за влез во ЕУ, туку дали кандидатите ги исполнија условите за почеток на преговори. Многу земји сметаа дека немало таква подотвеност. Јас мислам дека тоа е историска грешка – изјави Јункер.

Тој изразувајќи голема разочараност од резултатот од дебатат за проширувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот