Јункер не е задоволен од начинот на кој е избран неговиот наследник
Претседателот на Европската комисија во заминување упати остри критики за именувањето на неговата наследничка на високата функција, германската министерка за одбрана Урсула Вон дел Лајен, наведувајќи дека „процесот не бил транспарентен“, пренесуваат западните медиуми од неговата прес конференција во Хелсинки.
– Процесот не беше баш транспарентен – изјави Јункер на конференција за новинари во Хелсинки, коментирајќи го начинот на кој лидерите на ЕУ неделава го именуваа новиот претседател на Европската комисија.
Јункер додаде дека тој пред пет години бил именуван на транспарентен начин, по кампањата на европските избори, пренесе „Ројтерс“.
– За жал, тоа не остана традиција. Бев прв и последен водечки кандидат – изјави Јункер.
Додаде дека е добро што Финска го презема претседавањето со Советот на ЕУ, бидејќи лидерството и стабилноста се типични карактеристики за земјата.