Јункер нагласи: Со идниот премиер на Велика Британија нема да се преговара за Брегзит!

Фото: МИА

Претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер, најави дека со наследникот на Тереза Меј нема да се водат нови преговори за Брегзит.

Нема да има нови преговори за договорот за излез на Велика Британија од Европската Унија, без разлика кој ќе ја наследи Тереза Меј на чело на британската влада – изјави Јункер.

– Тоа не е договор помеѓу мене и Меј, тоа е договор помеѓу Велика Британија и ЕУ, па треба да го почитува идниот британски премиер, независно кој ќе дојде на оваа функција“, изјави Јункер во интервју објавено на интернет-страницата „Политико.еу“.

Меѓутоа, Јункер додаде дека може да има прецизирања и дополнувања кај политичката декларација меѓу Британија и ЕУ. Оваа декларација, која не е дел од договорот, треба да ги одреди идните трговски односи.

Повеќе кандидати за наследник на Меј, која во петокот поднесе оставка од местото шеф на Конзервативната партија и со самото тоа и шеф на владата, изјавија дека сакаат повторно да отворат преговори за договорот за Брегзит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот