Јункер му честиташе на Пендаровски и повика да продолжи со реформите кои водат кон ЕУ

Фото: МИА

Претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, му испрати писмо со честитка на новоизбраниот шеф на македонската држава, Стево Пендаровски, јави дописничката на МИА од Брисел.

Јункер му ја честита победата на Пендаровски во име на целата Европска Унија.

-Ја користиме оваа прилика за да ја потврдиме уште еднаш недвосмислената поддршка на Европската Унија за европската перспектива на Западниот Балкан, пишува Јункер.

Понатаму тој го охрабрува новиот претседател на Северна Македонија да го продолжи реформскиот пат кон ЕУ на одржлив начин, со оглед на тоа дека овој процес се заснова на заслуги, потсетува шефот на Европската Комисија и го уверува Пендаровски дека земјата ја има „апсолутната поддршка” на ЕК за неговите напори во таа насока.

-Европската Унија смета дека Преспанскиот договор е извонреден политички успех, тој е круцијален чекор на вашиот пат кон Европската Унија, оценува Жан Клод Јункер и повторува дека тој претставува модел за помирување за целиот регион.

Европската Комисија му посакува успешен претседателски мандат на Пендаровски и очекува и натаму да соработува со Северна Македонија за градење обединета и просперитетна Европа, стои во писмото на Јункер до Пендаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот