Јункер и Џонсон: Дојде моментот за спроведување на Брегзит

Фото: Принтскрин

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер и британскиот премиер, Борис Џонсон на заедничката пресконференција порано денеска во Брисел, порачаа дека дошол моментот за излез на Велика Британија од ЕУ, но и за изградба на нови односи меѓу Лондон и Брисел.

– Сега е момент да се оствари Брегзит и заедно да работиме на изградба на нашето идно партнерство кое може да биде многу позитивно и за Обединетото Кралство и за ЕУ – истакна Џонсон.

Тој го поздрави договорот, кој, според него, овозможува да се исполнат целите предвидени со Брегзит.

– Тоа значи дека Велика Британија на 31 октомври излегува од ЕУ цела и единствена и оти Северна Ирска и секој друг дел на Обединетото Кралство ќе учествуваат во слободната трговија и заедно ќе одлучуваат за нашата иднина – нагласи Џонсон.

Британскиот премиер ги повика членовите на британскиот Параламент без одложување да го прифатат ревидираниот договор за брегзит, за да се фокусираат на потребите на британскиот народ.

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер истакна дека постигнатиот договор покрај британскиот Парламент, сега мора да го одобри и Европскиот парламент.

– Договорот е постигнат поради народот и мирот, а не поради политичарите. Ќе почнеме разговори за нашите идни односи веднаш откако ќе се одобри договорот – изјави Јункер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот