Јункер го обвини Борис Џонсон дека за време на кампањата за Брегзит ширел лаги

Фото: Принтскрин

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер го обвини бритнскиот премиер Борис Џонсон дека за време на кампањата за референдумот за Брегзит ширел лаги и со нив ги измамил британските гласачи, пишува лондонски ,,Индипендент”.

– Им кажуваа на гласачите работи кои немаат никаква врка со реалноста. Тогашниот премиер Дејвид Камерон ме замоли да не интервенирам за време на референдумот бидејки сметаше дека Европската комисија не е многу популарна во Британија, што се покажа како голема грешка , изјави Јункер, додавајки дека буквално никој не реагирал на ваквите лаги изкажани за време на Брегзитот.

Тој смета дека и покрај се, ЕУ не е одговорна за загубената кампања, обвинувајки ги британските медиуми во кои Џонсон во минатото работел како дописник од Брисел.

Јункер не е прв европски политичар од кој ги критикува јавно подржувачите на британската кампања за излегување од ЕУ. Претходно и францускиот претседател Емануел Макрон обвини дека подржувачите на Брегзитот всушност биле жртви на лажни вести кои ја загорзуваат Европа.

Но се чини дека најголема критика околу Брегзитот дојде од претседателот на Европскиот совет во заминување Доналд Туск кој оцени дека во,, пеколот постои посебно место за оние кои го подржале Брегзитот без никаква визија и план.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот