Јункер ги нападна десничарите: Глупавите националисти ги сакаат само своите земји

Фото: МИА

Претседателот на Европската комисија, Жан клод Јункер, изјави дека е свесен за заканата, која ја претставуваат националистичките политичари за европската солидарност.

„Овие популисти, националисти, глупави националисти ги сакаат само своите држави. Тие не ги сакаат оние кои доаѓаат од далеку. Јас ги сакам оние кои доаѓаат од далеку… ние треба да постапуваме солидарно со оние кои се во полоша ситуација од нашата“ вели Јункер за Си-ен-ен, во пресрет на европските избори.

На прашањето дали антиевропските сили поуспешно ја мобилизираат својата база од проевропските, Јункер оценил дека секогаш е полесно да се мобилизираат негативните отколку позитивните сили.

Тронка надеж, Јункер гледа во тоа што се случуваше по одлуката Британија да ја напушти ЕУ во 2016 година.

„Од брегзит, бројот на оние кои се за ЕУ порасна бидејќи луѓето гледаат што се случува и видоа дека излегувањето од ЕУ не е толку лесно како што им било речено“ истакна тој.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот