Јуниорите загубија од Хрватска и испаднаа од А-дивизијата

Фото: fiba.basketball

Јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија загуби од Хрватска со 72:59 во натпревар за освојување на 13 позицијата на Европското првенство до 18 години што се игра во Измир и испаднаа од елитата.

Избраниците на селекторот Тони Симиќ на крајот го освоија 14 место што значи испаѓање од А-дивизијата и заедно со селекциите на Црна Гора и Велика Британија ќе игра во Б-дивизија.

Младите кошаркари одлично го отворија натпреварот, беа подобар противник и благодарение на шутот од далечина успеа да ја добие првата четвртина со 19:15. Но, Хрватите се разиграа во втората четвртина, ги оставија избраниците на Симиќ на само седум постигнати поени и на одмор се замина со 35:26 за „коцкестите“.

Во второто полувреме, Хрватите рутински ја одржуваа предноста и на секоја серија на македонските кошаркари одговараа со своја и на крајот славеа со 72:59 и си обезбедија опстанок во А-дивизијата.

Теодор Симиќ забележа нов дабл-дабл од 21 поен и 12 скокови, по 14 поени постигнаа Димитриевски и Бошалески но тоа беше премалку за да избегне поразот кој значеше испаѓање од елитата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот