Јуниорите останаа без пласман во „А“ дивизијата

fiba.basketball/europe/

Избраниците на селекторот Тони Симиќ во клучниот меч и последната шанса за учество во Дивизија „А“ загубија од Чешка со 89:80 (28:21, 17:28, 30:18, 14:13).

Најефикасни стрелци во нашите редови беа Марко Миловановиќ со 24 поени, следен од Лука Савиќевиќ со 19 поени (осум асистенции) и Андреј Јакимовски (17 поени, по пет скокови и асистенции).

Јуниорите имаа одличен старт на овој шампионат, во групната фаза со пет максимални победи против Данска, Словачка, Грузија, Украина и Ирска.

Беа фантастични и во четвртфиналето против Естонија (92:57), но на најважните две средби на ЕП претрпевме порази.

Како и да е, ова е знак дека имаме добра кошаркарска иднина и можеме да се надеваме и веруваме на уште подобри резултати во наредните години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот