Јуниорите и кадетите со незгодни ривали во евроквалификациите

ffm.mk

Македонската репрезентација за играчи до 19 години ги дознаа противниците во квалификациите за Европското првенство кое ќе се одржи во Словачка во 2022 година.

Нашите јуниори се најдоа во квалификациската група „7“ заедно со селекциите на Франција, Србија и Албанија.

Двете најдобри репрезентации од секоја група, како и една најдобро третопласирана ќе обезбедат место во елитната рунда на квалификации каде што веќе се наоѓа Португалија. Турнирите ќе се одржат во периодот од 30 август до 7 септември, од 4-12 октомври и од 8-16 ноември 2021 година.

Нашата кадетска У17 селекција за пласман на ЕП 2022 во Израел ќе игра во квалификациската група „5“ со Република Ирска, Полска и Андора. Мечевите се од 1 јули до 16 ноември 2021 година во мини турнири.

Најдобрите две репрезентации од секоја група ќе се најде во елитната рунда на квалификации каде што се веќе Холандија и Шпанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот