Јунајтед запна да ангажира англиски репрезентативец

Екипата на Манчерстер јунајтед не планира да застане со засилувањата, нивна следна цел е англиски репрезентативец. Управата на Јунајтед и официјално достави понуда тешка 70 милиони фунти за ангажман на Хари Мегваер од Лестер.

За англискиот репрезентативец постои голем интерес од неколку клуоби но единствено двата тима од Манчестер, Јунајтед и Сити доставија официјални понуди.

Според англискиот „Скај“, Мегваер е задоволен во Лестер и нема намера јавно да бара трансфер, но не би имал ништо против кариерата да ја продолжи во една од шесте најдобри екипи во Премиер лигата.

Од друга страна, преговорите со Лестер нема да бидат лесни бидејќи тимот засега не попушта во барањата, најмалку 75 милиони фунти колку што плати Ливерпул за Вирџил ван Дајк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот