Јунајтед за 150 милиони евра најде идеален партнер за Бруно Фернандеш

твитер

Манчестер јунајтед и покрај пандемијата на коронавирусот не мирува и ги крои плановите за наредната сезона иако не се знае кога ќе започне.

Тоа значи дека „црвените ѓаволи“ ќе бидат активни за време на летниот преоден рок, а се поизвесно е дека на лето ќе се ослободат од Пол Погба, кој не покажа ниту дел од игрите кои ги прикажуваше во Јувентус и за што беше платен 105 милиони евра.

Солскјер во јануари го купи Бруно Фернандеш и тоа се покажа како фантастичен потег, Португалецот се повампири и со него во тимот Манчестер јунајтед нема пораз до паузата поради пандемијата на коронавирусот.

Следна задача на Солскјер е да му најде идеален партнер на Фернандеш во средниот ред и изборот падна на играчот на Атлетико Мадрид, Саул Нигез.

„Црвените ѓаволи“ се подготвени да ја платат откупната клаузула за Нигез која изнесува 150 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот