Јунајтед во нокаут-фазата на Лига Европа! (ФОТО+ВИДЕО)

фото/твитер

Манчестер јунајтед ја оствари и третата победа оваа сезона во фудбалската Лига Европа, откако на својот „Олд Трафорд“ убедливо со 3:0 го совлада Партизан и математички обезбеди настап во нокаут-фазата.

„Црвените ѓаволи“ поведоа во 22. минута од средбата, убаво во казнетиот простор на белградската екипа се снајде Гринвуд кој го пронајде патот до мрежата на Стојковиќ.

Потоа, во 33. минута во листата на стрелците се запиша и Марсијал кој издрибла неколку фудбалери на српскиот состав и на еден ефектен начин ја зголеми предноста.

Асистентот на првиот погодок за премиерлигашот Решфорд го постави конечниот епилог по додавањето на Јанг со еден прекрасен удар со левата нога.

Претходно уште три екипи обезбедија настап во елиминациските борби, тие се Селтик, Базел и Севиља.

Лига Европа, резултати –

4. коло

Б. Менхенгладбах-Рома 2:1
Брага-Бешикташ 3:1
Еспањол-Лудогорец 6:0
Ференцварош-ЦСКА Москва 0:0
Феенорд-Јанг Бојс 1:1
Манчестер јунајтед-Партизан 3:0
Олександрија-Ст. Етјен 2:2
Ренџерс-Порто 2:0
Волфсбергер-Башакшехир 0:3
Волфсбург-Гент 1:3
Вулверхемптон-Слован Братислава 1:0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот