Јунајтед во Белград без Де Геа, Погба и Матиќ (ФОТО) – Слободен печат
СпортФудбал

Јунајтед во Белград без Де Геа, Погба и Матиќ (ФОТО)

Менаџерот на „црвените ѓаволи“ ќе има 20 играчи на кои ќе смета за натпреварот од Лига Европа в четврток против Партизан.

Во третото коло во Белград се подготвува спектакл каде што Партизан го пречекува Манчестер јунајтед (18.55 часот), дерби во рамките од групата „Л“ каде што токму овие две екипи водат со по четири бода, зад нив се АЗ Алкмаар и Астана по два.

Оле Гунар Солксјер на вкупно 20 имиња ќе смета за утрешниот меч, а норвешкиот стратег нема да може да смета на неколку клучни играчи.

Поради повреди во српскиот главен град не доаѓаат Дадвид Де Геа, Аксел Туанзебе, Лук Шо, Пол Погба и Немања Матиќ.

Во составот се враќа Џеси Лингард, во сениорскиот состав е и младиот Итан Лерд, како и голманот од У23 тимот, Матеј Ковар.

Покрај нив, во составот се наоѓаат уште: Серхио Ромеро, Ли Грент, Фил Џонс, Виктор Линделоф, Хари Мегвајер, Маркос Рохо, Арон Ван-Бисака, Брендон Вилијамс, Фред, Џејмс Гарнер, Даниел Џејмс, Џеси Лингард, Скот Мектоминеј, Хуан Мата, Андреас Переира, Мејсон Гринвуд, Ентони Марсијал и Маркус Решфорд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close