Јунајтед стана тим за потсмев, сега и Њукасл му го зеде скалпот

twitter/premierleague

Фудбалерите на Њукасл го совладаа Манчестер јунајтед со минимални 1:0 во осмото коло од Премиер лигата и ја продолжија кризата на „црвените ѓаволи“.

Иако фудбалерите на Јунајтед беа под императив да победат, тие доживеаја нов пораз со кој почнаа да тонат на табелата, по осум кола се наоѓаат на 12. место со само девет бодови, два повеќе од зоната на испаѓање, но и дури 15 бодови помалку од лидерот Ливерпул.
Единствениот гол на натпреварот го постигна Лонгстаф во 72. минута.

По овој пораз, кој е трет сезонава, се повеќе се ниша тренерското столче на Оле Гунар Солскјер кој доколку успее да ја преживее паузата во Премиер лигата поради квалификациите за ЕП 2020, го очекува најголемото дерби во Англија, против Ливерпул и евентуален неуспех ќе значи дефинитивен отказ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот