Јунајтед слави, Конте го договори најголемото промашување

twitter.com/zayediqbal0

Алексис Санчез е на добар пат долги години да биде дел од Интер.

Желбата на Манчестер јунајтед во последните две години, да се ослободи од најголемото промашување во последните 10-тина години, Алексис Санчез, се чини дека конечно ќе се оствари.
Интер сериозно „загриза“ за Чилеанецот и се чини дека Антонио Конте ќе добие уште едно скапо засилување ова лето.

Британскиот „Гол“ пренесува дека Манчестер јунајтед и Интер се договорија за продажбата на Алексис Санчез и тоа веднаш откако Чилеанецот и даде два гола на Бреша.

И покрај тоа што Санчез цела сезона се мачеше со повредите, тренерот на Интер, Антонио Конте сака да го задржи во тимот и во иднина, а директорот Бепе Марота експресно успеа да се договори со англискиот тим.
Иако кога се договораше позајмицата имаше ставка дека Интер може да го откупи договорот за 25 милиони евра, Марота успеа да ја намали оваа сума.
„Гол“ објави дека Интер ќе плати 20 милиони евра за откупување на договорот на Алексис Санчез.

Чилеанецот на „Олд трафорд“ пристигна во јануари 2018 година каде дел од размената за Хенрик Мхитарјан, а траснферот на Санчез беше проценет на 34 милиони евра но со прикажаните игри се покажа како најголемо промашување во последните 10-тина години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот