Јунајтед сигурен против Њукасл, „граѓаните“ сигурно чекорат кон титулата
Фудбалерите на Манчестер јунајтед во рамките на 25. коло во Премиер лигата со 3:1 го совладаа Њукасл и го задржаа второто место на табелата.
Јунајтед по двете ремија, ја оствари 14. победа сезонава и со 49. бода се израмнија со Лестер, додека Њукалс е само три бода над зоната на испаѓање.
Иако не блескаа во првото полувреме, фудбалерите на Манчестер јунајтед поведоа со голот на Маркус Рашфорд во 30. минута. Но, Њукасл само шест минути подоцна успеа да израмни преку Сан Максимин.
Дилемите околу победникот беа разрешени кон средината на второто полувреме, прво Џејмс во 57. минута донесе водство за „црвените ѓаволи“, а Бруно Фернандеш со голот од пенал во 75. минута ја завери победата.
Дерби натпреварот во Премиер лигата се одигра во Лондон каде Манчестер сити направи уште еден исчекор кон освојување на титулата. „Граѓаните“ славеа со минимални 0:1 на гостувањето кај Арсенал и ја задржаа предноста на табелата од 10 бода пред градскиот ривал и пред Лестер на 13. кола до крајот. Голот на одлука го постигна Рахим Стерлинг уште во втората минута.
Резултати:
Вест Хем – Тотенхем 2:1
Астон Вила – Лестер 1:2
Арсенал – Манчестер сити 0:1
Манчестер јун. – Њукасл 3:1