Јунајтед си направи проблем, ги пушти играчите на мини одмор, а не знае дали ќе му се вратат

фото: твитер

Неколку фудбалери на Манчестер јунајтед веднаш по завршувањето на Премиер лигата и обезбедувањето на пласман во Лигата на шампионите за наредната сезона, заминаа на заслужен мини одмор.

Фред замина на одмор во Турција, Виктор Линделоф и Одион Игало заминаа во Франција, исто како и Немања Матиќ и уште неколку фудбалери, но сега може да имаат проблеми при враќањето во Манчестер и лесно може да се случи тие да не играат за „црвените ѓаволи“ во завршницата од Лигата на Европа.

Немања Матиќ/Инстаграм

Причината за тоа е најавата на англискиот премиер Борис Џонсон кој изјави дека состојбата со коронавирусот од ден во ден се менува и можно е некои земји да бидат ставени на „црвената листа“ кога станува збор за влез на територијата на Велика Британија.

Тие кои се враќаат од таквите земји ќе мора да бидат во 14-дневен карантин што би значело дека дел од фудбалерите нема да играат во завршницата од Лигата на Европа. Ова правило важи за сите патници кои доаѓаат од Шпанија.

Манчестер јунајтед во првиот натпревар од осминафиналето го совлада ЛАСК со 5:0 и нема никакви дилеми дека ќе продолжат понатаму, но од четвртфиналето па до крајот ќе се игра по само еден наптрвеари, а првиот натпревар е предвиден да се игра на 10. август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот