Јунајтед потврди: Варан доаѓа на „Олд трафорд“

EPA-EFE/Oli Scarff

Францускиот репрезентативец Рафаел Варан наскоро и официјално ќе биде нов фудбалер на Манчестер јунајтед, потврди англискиот тим.

Дефанзивецот по 10 години поминати во дресот на Реал Мадрид, со замина од „кралскиот клуб“, а по лекарските прегледи Варан ќе потпише четиригодишен договор со Манчестер јунајтед за плата од 12 милиони евра по сезона.

„Манчестер јунајтед со задоволство објавува дека клубот се договори со Реал Мадрид за трансферот на францускиот репрезентативец и светски шампион, Рафаел Варан“, соопшти англискиот клуб, притоа напоменувајќи дека во завршна фаза е и договорот за личните услови на фудбалерот.

Англиските медиуми објавија дека Манчестер јунајтед ќе плати околу 50 милиони евра за Варан кој ќе биде второ големо засилување за тимот од „Олд трафорд“ по траснферот на Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот